Без струја утре делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Илинден

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека за ден 14.11.2019 год. (четврток) се планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Лазар Поп Трајков – згради со броевите 20, 21, 22 и 23, ул. Христо Ботев – згради со броевите 1, 2, 3, 4, 5 и 6, и ул. Ташко Караџа – згради со броевите 6, 8, 10 и 12. (Општина Гази Баба), информираат од РЦУК.

– во периодот од 08:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. 102 во с. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. 1439 во нас. Пинтија. (Општина Кисела Вода)

– во периодот од 08:30 до 15:30 часот корисниците од ул. Тодор Чангов – делот од главната улица после ресторанот Едера. (Општина Аеродром)

– во периодот од 09:50 до 12:15 часот корисниците од улиците 11, 12, 13 и дел од ул. 1 во с. Кадино.  (Општина Илинден)