Без струја утре делови од Чучер Сандево, Сарај, Бутел, Зелениково и Студеничани

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Чучер Сандево, Сарај, Бутел, Зелениково и Студеничани.

Утре без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од село Бразда, Општина Чучер Сандево, од 12:00 до 14:00 дел од село Матка – објектите до хидроелектраната, Општина Сарај, од 9:00 до 11:00 часот дел од село Горно Оризари, Општина Бутел и од 9:00 до 15:00 часот села и населени места во Општина Зелениково, викенд населба Јане Сандански и село Моране во општините Зелениково и Студеничани.