Без печење: Ледена чоколадна торта со бисквити

Еве еден превкусен рецепт:

Потребно:
800 гр. бисквити
100 гр ореви
200 гр. шеќер
100 гр. какао
250 мл вода
150 гр путер
ванила екстракт

За глазурата:
150 гр. слатка павлака
150 гр. чоколадо

Во длабок сад искршете ги бисквитите и оставете ги на страна.Во мало тенџере на оган ставете го шеќерот и какаото, водата и путерот. Варете ги сите состојки додека не се растопи путерот. Кога се ќе биде изедначено намалете ја температурата на средина и продолжете со готвење уште наредни 10-15 минути. Тргнете го на страна садот и ставете екстракт од ванила. Оставете да се олади и да дојде на собна температура.

Во садот со бисквитите додадете ги исецканите ореви.Кога чоколадната смеса ќе се олади додадете ја во садот со ореви и бисквити и со помош на шпатула промешајте додека се, не се соедини.

Ставете ја целата смеса во округло тавче на механизам и оставете 1 час во ладилник да се стегне.Одстранете ја тортата од калапот и прелијте ја со чоколадна глазура која ќе ја направите на следниот начин:

Слатката павлака ставете ја во сад на оган да се загрее да дојде до точка на вриење со постојано промешување. Врелата слатка павлака прелијте ја врз чоколадото и оставете неколку минути чоколадото да се растопи. Со помош на помала шпатула промешпајте додека нема парчиња од чоколадото.

Прелијте ја врз тортата и може да декорирате со ореви врз глазурата.