Бесплатен одмор за 100 семејства на Јадран- еве кој може да се пријави

Само две недели од основањето на фејсбук групата “Изнајмувачи со срце“, во неа се приклучија повеќе од 5.000 членови и сопственици на апартмани долж Јадранскиот брег.

Целта на оваа иницијатива е да се овозможи бесплатен престој на семејстава кои имаат деца со пречки во развојот, а сакаат да работат и живеат на море. Во оваа иницијатива учествуваат голем број на хумани угостители и обични граѓани кои нудат бесплатен престој за работници од горенаведените семејства. 

Сите семејства коишто доаѓаат од колината на Београд, на море имаат обезбеден ручек или вечера кај нас во гостилницата Аквариум, само јавете ни се! – вели еден угостител за српски Телеграф.

Врата за престој на овие семејства им отвора и локалното население. Од ден на ден се зголемува бројот на овие семејства кои заедно се сплотени во духот на хуманоста. Во нивните домови може да се најдат десетици семејства кои доаѓаат од БиХ, Мостар, Сараево, Бања Лука и останатите места од регионот, како и од Македонија.

Постои уште една фејсбук група “Возачи со срце“ која што организира бесплатен превоз на море на тие што не можат да си го дозволат патувањето.

Родителите треба само да го погледнат ѕидот на групата и да одберат сместување и да го контактираат изнајмувачот во порака. 

Изнајмувачот има право да ве прифати или одбие, а семејството треба да докаже постоење на проблем со кое детето е соочено, за да не дојде до измама и злоупотреба.