Бесплатен базар за размена на книги

Бесплатниот пазар е привремен пазар кој се базира на идејата за економија на подароци. Овој концепт директно се спротиставува на капиталистичката идеја на раст поради раст, која го игнорира фактот дека ресурсите на планетата се ограничени.

Идејата не е само да престанеме да купуваме продукти само на еден ден, туку да ги сменеме навиките, и помалце да трошиме, односно да консумираме помалце и да произведуваме помалце отпад, да почнеме да го користиме концептот бесплатен пазар. Бесплатен пазар подразбира: подарување на она што не ти треба, размена на услуги, предмети и производи.

Бесплатниот пазар има за цел да ја подигне свеста за градење заедница која ќе ги споделува ресурсите, бидејќи како заедница, имаме многу повеќе ресурси отколку како поединци. Ако ги споделуваме, не мораме да купуваме нови!

Настанот ќе се одржи во недела во периодот помеѓу 17 и 19 часот на булеварот Орце Николов. Повеќе информации за акцијата може да најдете на следниот линк.