Банкарите советуваат: Секогаш земајте станбен кредит во денари – никогаш во евра

Се поголем проблем на граѓаните им претставува кредитот, поточно месечната отплата на кредитот. Без оглед дали станува збор за станбен, готовински или потрошувачки кредит, граѓаните секој месец мака мачат како да го отплатат.

Промена на курсот, порастот на каматните стапки како и самиот кредитен рејтинг на земјата, се само некои од причините за промена на месечните рати за кредит. Меѓутоа, меѓу коисниците на кредити сигурно најголема мака имаат граѓаните кои земале станбен кредит.

Со оглед на тоа дека во поголемиот број банки каматната стапка за станбените кредити се менуваат, постои истражување кое покажува колку граѓаните кои земале станбен кредит се во опасност. На голема опасност предупредува економистот Бранко Драгаш, кој советува граѓаните да земаат кредит само во денари со фиксна каматна стапка. 

Тој истакнува дека најлошото можно сценарио кое може да им се случи на граѓаните кои зеле станбен кредит во евра е дека нема да можат да го отплатат.

Станбените кредити со променливи каматни стапки кои се нудат на банкарскиот пазар претставуваат голема опасност за граѓаните, бидејќи со евентуалниот раст на каматите ќе расте и долгот. 

За граѓаните е важно, пред одлуката за земање на станбениот кредит, добро да се информираат за сите услови и да бидат свесни за сите опасности кои можат да бидат зад таа одлука.