Бадеми – моќни плодови за подобро срце, кожа и подобро помнење

Бадемите се одличен извор на незаситени маснотии и не содржат холестерол или сол.

Тие се богати со витамини и други состојки кои на нашето тело му ги даваат потребните хранливи состојки и ни помагаат да бидеме здрави. Само неколку бадеми дневно можат да ни помогнат во одржување на здравјето на срцето, односно ги спречуваат болестите на срцето.  Истовремено, тие помагаат кај болестите како што се дијабетесот и Алцхајмер.

Ако секој ден конзумирате бадеми, на тој начин внесувате витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Бадемите се и одличен извор на незаситени маснотии и не содржат холестерол или сол. Од сите јаткасти плодови, создржат најголема количина рибофлавин (витамин Б2) и ниацин (Б3).

Го намалуваат нивото на холестеролот

Бадемите помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол. Ако имате високо ниво на холестерол, потрудете се да конзумирате од 10-20 бадеми дневно.

Здрава коса

Бадемите содржат неколку витамини кои се потребни за подобрување на растот на косат и генерално, ја јакнат косата и чуваат од опаѓање. Познато е дека магнезиумот и цинкот придонесуваат за растот, а витаминот Б и дава на косата убав сјај.

Превенција на срцеви заболувања

Бадемите се богати со антиоксиданти, монозаситени масти, магнезиум и бакар, за кои се знае дека се одлични за здравје на срцето и кај крвните садови. Јадењето бадеми помага во спречување на ризикот од срцев удар или други срцеви состојби. Тоа е еден од најзначајните здравствени бенефити од секојдневното конзумирање бадеми.

Ги спречуваат брчките

Бадемите содржат манган кој помага при производството на колаген, кој е одговорен за тонусот на кожата. Содржат и витамин Е, антиоксиданс кој помага во борбата против стареењето.

Ја поправаат цревната флора

Бадемите содржат пробиотици кои се потребни за раст и размножување на добрите бактерии. Ако постои нерамнотежа, можат да се појават симптоми како болки во стомакот, лош здив и нарушен метаболизам. Затоа, се препорачува редовната конзумација на бадеми.

Ја подобруваат работата на мозокот

Бидејќи содржат витамин Е, тие придонесуваат за подобрување на фокусот и помнењето (ако редовно се конзумираат).