Баба Ружа од Чучер Сандево има потреба од нашата помош

Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот. Баба Ружа нема семејство, нема роднини, нема пријатели, нема лична карта, нема здраствено осигурување, нема финансии. Баба Ружа е препуштена сама на себе.

Лута на времето во кое живееме и државата во која живееме каде што се повеќе и повеќе има случаи на кои им е потребна помош. Тажна затоа што баба Ружа е сама и гладна, но среќна затоа што можам и сакам да и помогнам, вели Адила во својата објава на фејсбук.

Добрите и хумани граѓани може да стапат во контакт со Адила и да добијат информации за тоа како може да и помогнат на Баба Ружа.