Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре ќе сообраќаат по неделен возен ред поради  државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

ЈСП соопшти и дека утре дежурни ќе бидат три  билетарници – Транспортен центар и Зелено пазарче ќе работат од 7 до 19.30 часот, а работното време на билетарницата Ѓорче Петров ќе биде од 7 до 13 часот.