Автобус удрил жена во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Автобус „Јутонг“ со скопски регистарски ознаки управуван од Р.Ќ.(51) од Скопје вчера во 14 часот удрил во пешак Д.С.(82) на булеварот „Партизански одреди“.

-Од незгодата со тешки телесни повреди се задобила Д.С. која со возило на Брза помош била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.