Автобус на ЈСП во небезбедна состојба вчера возеше низ скопските улици.
Со скршена врата, автобусот во ваква состојба претставува ризик и за патниците внатре, но и за минувачите и автомобилите околу него бидејќи постои можност целосно да се откорне.
Фотографијата е испратена до редакција на КУРИР, а истиот е забележан во близина на Железничката станица.