Астролошки совети за намалување на нервозата во текот на пандемијата

Астрологијата ги открива начините како можеме да си помогнеме и да ја намалиме нервозата во текот на пандемијата. Еве што ни советуваат астролозите.

Овен

Во ред е да успорите малку. Работите ќе почекаат, не морате да бидете главните херои  кои ќе го спасат светот. Здивнете малку, дишете и издишете.

Бик

Мирот не е толку лош, само смирете ги мислите. Можеби мислите дека претерувате со анализите и тоа е точно, но не си правете црни сценарија во глава. Подобро е да го искористите времето за да испланирате што ќе правите по пандемијата.

Близнаци

Не морате сè да знаете. Луѓето ве сакаат онакви какви што сте. Здивнете кога морате, најдете време и за себе.

Рак

Вашите сакани знаат дека ги сакате, не морате постојано да им го докажувате тоа. Смирете се, сакајте се прво себеси, а потоа другите и имајте надеж дека сè ќе биде во ред.

Лав

Во ред е  да признаете дека сте под стрес. Не морате да ги држите сите работи под контрола и да го земате целиот товар на себе. Дишете.

Девица

Можеби не сфаќате дека работите се поинакви сега, па посакувате сите да се однесуваат како ништо да не се случило. Препуштете се малку на опуштање, светот нема да пропадне без вашата работа.

Вага

Фокусирајте се на убавите работи кои можете да ги направите дома. Дури и да ви е тешко да утврдите што е тоа, добро е да побарате совет од вашите блиски. Земете добра книга, најдете интересна серија, уживајте.

Шкорпија

Не си развивајте црни мисли, туку сфатете дека сето ова ќе заврши и ќе можете да продолжите напред. Пронајдете нешто на што можете да се се насочите, нешто што ќе ви ги отргне црните мисли.

Стрелец

Не морате да работите постојано. Дајте си време да дишете, да испланирате некое патување, сетете се колку добро беше пред сето ова.

Јарец

Ограничени сте во однос на тоа што можете да го направите, но сосема свесни сте за ограничувањата со кои се соочувате сега. Направете чекор наназад и опуштете се. Го заслужувате тоа.

Водолија

Сакате да го спасите светот, но морате прво да се сочувате себеси. Важни сте прво вие, а потоа другите. Не е себично да се грижите за себе.

Риби

Вашата емпатија е дар, но тоа не е дефиниција за тоа што сте. Луѓето сакаат да ги сослушате, но некогаш морате да здивнете и од тоа.