Арслани затекнал триесетина стари предмети во кабинетот на Вангеловски

Во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети кои беа со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не. Таквата состојба ја изнесов на Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет и секој предмет одделно го разгледавме и донесовме соодветни одлуки што да се направи, бидејќи таквите предмети не можеа да се верфицираат заради тоа што беше поминато подолго време, појасни денеска в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани.

-На Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет донесовме одлука сите предмети да бидат пререферирани и така се случи. Дадов наредба, со оглед дека се работеше за постари предмети, да се стопира реферирањето на новите предмети од 2019 година и да се завршат сите предмети од 2018 година и постари. До денеска сите такви предмети беа пререферирани, донесени одлуки и 98 отсто од нив се изработени и експедирани. Меѓу предметите имаше еден предмет по жалба за кој во повторената постпака при реферирањето констатиравме дека настапила апсолутна застареност и така заврши. За ваквата состојба во писмена форма е известен Судскиот совет, изјави Арслани во одговор на новинарско прашање на паузата од промоцијата на иницијативата Отворено судство која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ и промоцијата на анализата „Отвореност на судството во Северна Македонија“.

Не се сомневам во ништо, порача, затечената состојба ја изнасов на Кривичен одел и Кривичен совет како што налагаат прописите и Законот за кривична постапка, а после тоа како в.д.претседател бев должен да го известам Судскиот совет за констатираната сосотојба што и го напавив.

-Судскиот совет е надлежен да цени ако смета дека има некаков пропуст и евентуално да преземе некои мерки. Не се работи за притворски предмети, туку за предмети кои се затечени во фаза на главна завршена работа, прецизира Арслани.

Во однос на решението на Врховниот суд по жалбата на поранешниот претседател на Судот Јово Вангеловски, в.д. претседателот Арслани рече дека со жрепка се избрани два жалбени совети во Врховниот суд и веќе е земен во работа овој предмет.

-Се работи на проучување на предметот и верувам дека во скоро време ќе свикаат седница жалбените совети и ќе донесат одлука. Очекувам тоа да се случи во наредните две до три недели, рече Арслани.

За жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека не е сигурен кога ќе решава Кривичниот совет, бидејќи не знае кога предметот ќе дојде на дневен ред.

-Дадов забрана да се решваваат предметите од 2019 година додека не завршиме со предметите кои беа пронајдени при примопредавањето на фунцкијата претседател на Врховниот суд. Веќе ги завршивме тие предмети и сега на ред се предметите од 2019 година меѓу кои и барањето за вонредно поништување на правосилната пресуда за Јанкулоска. Верувам дека многу брзо и тој предмет ќе дојде на дневен ред. Не исклучувам тоа да се случи и до крајот на неделава, рече Арслани.

Нагласи дека не претставува проблем што еден од членовите на Кривичниот совет веќе учествувал во таа постапка, бидејќи, има заменик член и додаде дека тоа е регулирано со годишен распоред за работа.