Архитектот Георги Константиновски именуван за почесен член на МАНУ

Архитектот Георги Константиновски вчера беше именуван за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. На свеченоста која се одржа по тој повод во Музејот на Град Скопје тој ги повика своите колеги да се зачленат во Асоцијацијата на архитекти на Македонија. 

Тој истакна дека на тој начин ќе се подигне нивото и квалитетот на таа организација, која делува како своевиден синдикат на архитектите од Македонија.
-„Ние самите можеме да си помогнеме ако бидеме организирани“,  кажа Константиновски во своето излагање. Во името на Архитектонската академија при ААМ се обрати претседателката Вера Ќосевска, која истакна дека работата на Константиновски како публицист, научник и проектант оставиле траен белег. Тој доби и благодарница од самата Асоцијација, која му беше врачена од страна на претседателката Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Фотографиите се превземени од веб-порталот за архитектура и градежништво „Build.mk“