Апел за помош на една самохрана мајка од Скопје

 

Самохрана мајка на која и е потребна наша помош. Мајка која се обидува на најдобар можен начин да се грижи за својот син кој е 9-то оддление, дете кое го сака спортот и кој сака да успее во животот. Потребните на ова дете, во оваа возраст се големи, но скромнста и судбината не му го дозволува тоа.

Судбината си поиграла со нив.

Жртви на семејно насилство кои биле сместени во Шелтер центар се додека да се затвори до пред 3 години. Живеат под кирија. Мајката е вработена со месечни приходи од 10.000 денари. Кирија, сметки и други давачки – не преостанува ништо за нив. Што попрво? Здравствената состојба на мајката не е најдобра и не и дава можност за дополнителна работа за време на викендите, како претходно.

Потребна им е нашата помош. Потребна им е секаква помош. Немаат ништо сопствено, ништо нивно. Речиси се им треба и се може да им се најде: основни намирници за исхрана, секаков вид на покукнина (кревет, шпорет, тв, работна маса, фрижидер…) се што не го користите, а се уште е во употреба. Да не го чуваме – да го донираме и да помогнеме на ова семејство.

Сите кои сакаат да и помогнат, со храна, облека, средства за хигиена, опрема за домаќинство, можат да ни се обратат на меил – mail@donacii.mk или на Facebook страната Донации, каде ќе Ви биде даден директен контакт со мајката.

ДА ПОМОГНЕМЕ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.