Антиќ повторно ќе го облече „црвено – жолтиот" дрес и ќе игра за репрезентацијата

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ повторно би го облекол националниот дрес, но не во текот на летово, туку во квалификaциите за СП 2019, доколку „црвено – жолтите" следниот месец успеат да ги минат претквалификациите.

Екс-капитенот на македонската репрезентација оваа одлука ја обелодени во интервју за „Дојче веле", уште еднаш потенцирајќи дека планира и ова лето да го искористи за одмор по пренапорната сезона на клупски план.

Со ова Антиќ стави крај на сите дилеми околу евентуалното учество во претстојниот претквалификациски циклус, во кој неговата помош против Косово и Естонија сигурно ќе беше драгоцена.

И покрај најавите на екс-капитенот, остануваат дилемите дали тој сепак ќе може да учествува во главните квалификации, особено доколку остане во Фенербахче или се пресели во друг евролигашки клуб. Причините се добро познати – Евролигата во својот календар не предвиде пауза за квалификациските средби за СП, на тој начин продолжувајќи ја војната со ФИБА.