Антиќ: Не е сигурно дека ќе се вратам во репрезентацијата, деновиве ќе одлучам

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ се појави заедно со Ѓорѓи Чековски и со Тодор Гечевски на првиот тренинг на кошаркарската репрезентација под водство на старо-новиот селектор Јорданчо Давитков.

Антиќ пред извесно време најави дека ќе се пензионира од репрезентацијата, а на вчерашниот собир истакна:

- Моето присуство на собирот и тренинг е пред се респект за стручниот штаб, играчите и директопрот. Пред неколку години изјавив за „мојата пензија“ и мило ми е што македонски тренер се врати во репрезентацијата и имам одлична соработка со него и во минатото. Ќе размислам за враќањето и 2-3 дена ќе се знае сигурно, изјави Антиќ.