Анимиран филмски маратон под ведро небо

На 14 септември (четврток) на Плоштадот на ВМРО во строгиот центар на градот се организира анимиран филмски маратон под ведро небо за сите љубители за анимирани филмови.

Станува збор за настан во кој е влучена програма за деца која почнува од 18.30 часот и програма за возрасни која почнува од 21.00 часот, а трае до 24.00 часот.

Настанот е во организација на Меѓународнито филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест и филмското училиште Тинтири Минтири, а е со поддршка на Градот Скопје.