Анѓушев: Граѓаните нема сами да набавуваат калориметри

Граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите и за тоа да треба да одвојат сопствени средства, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Тоа е дезинформација која не знам од кои причини се шири. Мерачи ќе има и ќе се најдат финасиски средства да бидат платени, а да не бидат на товар на граѓаните. Нивната набавката ќе биде регулирана со подзаконски акти, а граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци – изјави Анѓушев по отворањето на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.

Тој посочи дека има различни начини како да се набават, преку фондови да се обезбедат средства за воведување на калориметри во домаќинствата или да помогне државата. Во преговори се, како што кажа, со повеќе институции меѓу кои и со Хабитат и Зелениот климатски фонд.