Анегдота која ја открива тајната на успешниот и долговечен брак

Како е да се биде во брак? Тоа најдобро го знаат оние кои се во брак. Пред вас е една интересна анегдота за бракот:

Кутија за чевли

Маж и жена биле во брак повеќе од 60 години. Делеле се. Зборувале за се. Немале никакви тајни, освен тоа што старицата имала кутија за чевли на врвот на својот ормар и го предупредила сопругот никогаш да не ја отвора кутијата, ниту да ја прашува за неа. 

Сите тие години, тој никогаш не ја прашал за кутијата, но еден ден старицата многу се разболела и докторот и рекол дека нема да оздрави.

Во обид да ги реши сите работи, старецот ја земал кутијата за чевли и јаа однел до постелата на жена си. Таа се согласила дека дошло време за тој да дознае што се наоѓа во кутијата. Кога ја отворил нашол две исплетени кукли и 95.000 долари. 

Таа му објаснила: „Кога се венчавме, баба ми ми рече дека тајната на среќниот брак е во тоа никогаш да не се расправам. На тоа ми додаде дека ако некогаш ти се налутам, треба да бидам тивка и да исплетам кукла.“

Старецот бил трогнат и се борел да не заплаче. Имало само две кукли во кутијата. Во сите тие години брак, само два пати била лута. Ќе препукнел од среќа.

Тогаш и рекол: „Душо, тоа ги објаснува куклите, но од каде ти се овие пари?“

Таа му одговорила: „О,  тоа се парите кои ги заработив продавајќи ги куклите.“