Андреа Лекиќ ограбена во Скопје

Според пријавата на ракометарката на ЖРК Вардар, од станот и биле украдени 5.000 евра.

МВР извести дека вчера во период од 19 до 22.15 часот крадец провалил во стан во Тафталиџе 2 каде како потстанар живее Андреа Лекиќ (1987) од Белград, ракометарка на македонскиот ракометен шампион „Вардар. Според пријавата на ракометарката, од станот и биле украдени 5.000 евра.