Анатомија на еден прекрасен ден

Се излезе заокружено,
како да го планирал тоа.
Алармот не се заглави.
Додека се капеше, имаше сапун во кадата,
а водата не беше ладна.
Тостот не беше препечен.
Синот спонтано го бакна.
Најде место во автобусот.
Го зема чадорот со себе и падна дожд.
Виде убава жена и таа го погледна него.
Му рекоа дека е симпатичен.
Ја доби целата плата, без одбиени суми.
Некој му кажа нова шега, добра.
Не ги заборави клучевите.
Песот скокна за да го поздрави.
Неговиот фудбалски тим победи 2-0.
Пријателот го повика на забава.
Сопругата му го зготви омилениот ручек.
По вечерата му призна дека сака да води љубов со него.
И тоа се во истиот ден.
Сите обични животни работи се најдоа под неговите нозе.
Месечината го праша: „Дали е тоа доволно за да бидеш среќен?“
Тој ја погледна под око, ги растегна усните од кои се создаде насмевка и прошепоти:
„Не... но, ми помага за да продолжам.“