АМСМ со вонредно соопштение: Променет режим на сообраќај на автопатот Скопје – Тетово кај патарината Глумово

Режимот на сообраќај на автопатот Скопје – Тетово кај наплатната станица Глумово – Скопје ќе биде променет од денеска до 17. месецов поради работа на пат, соопшти АМСМ.

Промената на режимот на сообраќај е поради изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки  на тој дел од автопатот.