АМСМ препорачува внимателно возење - Еве каква е состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:

Поставување канделабри на делница Хиподром - Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛАНА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот,

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2:

Од 01.07.2017 годиназапочна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на  магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:

петок  : 15:00 – 22:00 часот,

сабота : 07:00 – 12:00  и  18:00 – 24:00 часот и

недела : 07:00 – 22:00 часот.