Алфите апсеа во Студеничани и Батинци

На 06.11.2019 во 07.40 часот, пoлициски службеници од единица „Алфа“ во Скопје ги лишиле од слобода Ј.Д.(25) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’, за сторени сообраќајни прекршоци и сторен царински прекршок и А.К.(46) од с.Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторен царински прекршок, по претходна пријава на К.И.(43).

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.