Активности за „Деновите на водата“ во повеќе училишта

По повод Светскиот ден на водата, 22 Март, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во соработка со Град Скопје и општините на територијата на градот Скопје организира повеќе настани под мотото „Денови на водата”.

Активностите ќе се реализираат  во периодот од 19 до 22 март во неколку основни училишта низ општините во градот Скопје и во просториите на ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.

Оваа година акцентот по повод Светскиот ден на водата ќе биде ставен на најмладите кај кои преку креативни работилници, подароци, песнички и раскази ќе се направи обид да се подигне свеста за значењето и рационалното трошење на богатството со кое располагаме, а тоа е водата. По тој повод, на 19 март, понеделник, во ОУ „11 Октомври“ со почеток во 10 часот на отворањето на активностите поврзани со „Денови на водата” ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.