Активност за зголемување на сообраќајната безбедност во општина Кисела Вода

Советниците од Општина Кисела Вода во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата реализираа активност за унапредување на сообраќајната култура и безбедноста при движење на коловозите.

Во таа насока викендов беа поделени едукативни материјали во Населба Драчево и беа поставени табли со едукативна содржина во поголемиот број на угостителски објекти.

-Во изминатиот период Локалната самоуправа ја обновуваше сообраќајната сигнализација при што се заменети дел од знаците и се поставени т.н. легнати полицајци на местата каде секојдневно фрекфенцијата на возила и граѓани е голема. Дополнително ние како советници во соработка со РСБСП, со оваа активност придонесуваме за унапредување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, истакна Кирил Митревски, член на Советот на Општина Кисела Вода, кој додаде дека од исклучително значење е безбедноста на младите лица и во таа насока се поставени големи банери со едукативна содржина во непосредна близина на училиштата и градинките.

Советничката Светлана Колариќ упати апел за активно вклучување на сите инволвирани субјекти во оваа проблематика со цел намалување на сообраќајните незгоди.

-Ова е настан кој практично значи апел до сите учесници во сообраќајот пешаци, велосипедисти, моторциклисти, возачи на патнички и товарни моторни возила, да се трудиме, да се доедуцираме да ги едуцираме другите околу нас дека треба секој еден да внимава прво на својата но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Заедно можеме да го направиме она што сите го посакуваме, да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди и прекршоци кои за жал стануваат позачестено и во општина Кисела Вода, изјави советничката Колариќ.

.