Ако сте решиле да одите по патот на промените, не се вртете назад!

Ако веќе сте одлучиле да тргнете во нов правец, не се вртете назад. Не застанувајте и не гледајте наоколу. Не го успорувајте темпото.

Игнорирајте ги сите сомнежи кои ве грижат и занемарете ги туѓите коментари. Само продолжете да одите и држете го фокусот кон целта. Без да трошите енергија наоколу. Само гледајте кон целта, сѐ останато е неважно.

Сето она што со намера сте го оставиле зад себе, таму е со причина и таму треба да остане. Затоа, не дозволувајте да ве влече назад. Само гледајте напред и одете напред, без оглед на сѐ!

Не ви е местото таму назад. Ако било, тогаш ќе ви било добро, ќе сте биле среќни и задоволни и воопшто не би размислувале за нешто друго.

Затоа, не се колебајте. И не се сомневајте во својата одлука.

Да, непознатото понекогаш е страшно, но полошо е да бидете на познат терен кој не ви одговара. А непознатото дава многу нови можности, па затоа фокусирајте се на најдоброто можно сценарио.

И потоа честитајте си. На храброста, на истрајноста, на страста за животот и промената која ја чувствувате. Вдишете го длабоко мирисот на нови победи кои веќе се видливи на хоризонтот. Насмевнете ѝ се на вашата душа. И уживајте во тоа чувство.

А потоа побрзајте кон најубавата зора на вашиот живот, која е далеку од мракот на сопствениот страв!