Најпрвин нè интересира дали со некој имаме хемија, дали чувствуваме пеперутки во стомакот кога ќе го видиме, дали е паметен, убав и слично.
Но успехот на врската е базиран на многу позначајни работи од изгледот на нашиот партнер. Еве неколку работи кои дефинитивно треба да ги барате кај вашиот партнер.
Овие карактеристики кај личноста ќе ви бидат многу поважни кога ќе бидете во врска. Површните работи навистина нема да ви донесат среќа и ќе се чувствувате прилично осамено ако вашиот партнер не е верен, добар и не ви ги разбира вашите желби и потреби.
Не може со некој да си одговарате во сите работи, меѓутоа многу е важно да имате слични желби, интереси, вредности и идеали. Компатибилноста е важна за да може да избегнете сериозни конфликти и караници, поради кои би имало ризик да ја прекинете врската.
Многу е важно да имате партнер кој навистина го прави тоа што ви го ветил, кој нема да ви откажува планови во последен момент и на кој ќе сметате дека може да ви помага во обврските. Навистина не сакате партнер кој може да ве остави на цедило, независно колку и да е привлечен.
Ако си го менува често расположението, многу често се лути и прави драми од најсекојдневните работи, може секојдневието да ви го претвори во пекол. Барајте партнер кој е стабилен, кој нема љубоморни испади и со кого врската нема да ви виси на конец, кој зависи од неговото расположение.