Ако некој сака да биде дел од вашиот живот, ќе се потруди да го оствари тоа

Секоја секунда, минута. Секој час и ден.

Еден ден, кога нервозата и болката ќе поминат ќе се запрашате себеси зошто толку и дозволивте на таа личност. Зошто им дадовте сè? Затоа што ви беа важни.

Тие беа причината зошто сакавте бидете подобри во животот. Тие беа причината за несмевка. Си бевте и самите себеси доволни, но само сакавте повеќе среќа. Но, тие не беа тука за вас како што посакавте вие.

Тоа значи дека за нив не бевте приоритет. Наместо да бевте првото нешто на кое ќе помислеа наутро, наместо да бевте личноста која сакаа прва да ја видат, тие ве ставија на последно место. Сите други им беа поинтересни, но не ве оставија. Ве чуваа во својот живот бидејќи вредевте, бидејќи им бевте опцијата која ја сакаа.

Воопшто не беа фер кон вас. Вам ви требаше повеќе време за да го сфатите тоа.

Сега можеби повторно сакаат да се дел од вашиот живот. Но, веќе не го дозволувате тоа. Знаете дека не сакате да бидете ничија опција. Свесни сте дека ако некој сака да биде дел од вашиот живот ќе направи сериозен напор за тоа. Како што вие правите за луѓето кои ви значат. Не ги сакате повеќе во својот живот, сега сте веќе свесни дека не ве заслужуваат. Поминаа времињата кога се прашувавте дали сте им доволни, зошто не ви обрнуваат внимание и кога чувствувавте несигурност и кога мислевте дека не вредите.

Љубовта е како и секое пријателство. Таа бара поврзаност и посветеност. Таа значи одредување приоритети и сериозен напор. Кога некој не успева да го сфати тоа, тогаш таа личност не ни заслужува да биде дел од вашиот живот.

Не го заборавајте тоа.