Ако не знаете што сакате во животот, почнете со тоа што ве прави најсреќни

Ништо во животот не е поважно од нашата среќа. Но, некогаш не можеме да знаеме што точно може да нè направи среќни во иднина.

Некогаш се чувствуваме изгубено и мислиме дека не знаеме што сакаме, но само треба да погледнеме во себе – што е тоа што ни носи насмевка во животот. Не мораме да се залетуваме по големи нешта, можеме и да ги добиеме, но пак ќе бидеме незадоволни. На крајот на денот, најважни се малите нешта.

Среќата не е резултат, нешто нè чека на целта. Таа треба да е дел од секој наш ден. Некогаш сме среќни кога сме сами, некогаш сме среќни со своите пријатели, друг пат во кино, некој е среќен во природа, некој со нови фармерки. Никој не може да знае што е тоа што ни носи среќа, освен ние самите.

Не мораме да знаеме што сакаме денес или со сигурност да знаеме што ќе сакаме утре или за еден месец или година отсега. Доволно  е да видиме кој ни црта насмевка на лицето.