Ако навистина ме сакаше, немаше да ме приморуваш да се борам за твоето внимание...

Знам дека животот е хаотичен.

Знам дека секогаш се обидуваме да ги средиме работите, дури и кога знаеме дека не одговараат. Но, малку е поинаку кога сакаш нешто што знаеш дека никогаш потполно нема да го имаш. Тоа се случува со нас.

Но, јас сум уморна.

Уморна е да се чувствувам како последна дупка во флејтата. Од тебе и од твоите планови кои никогаш не се исполнуваат. Уморна сум од тоа што секогаш завршувам со празни раце. Уморна сум од тоа да ти го давам моето срце додека ти своето го држиш на дистанца. И покрај тоа што знам дека не сакаш да ме повредиш, она што моментано го правиш ме убива... И прави да го губам разумот.

Една работа е да се чувствуваш осамено кога си сам, но сосема е друго да се чувствуваш осамено додека некој ти ја држи раката. Чувството на осаменост е многу полошо кога имаш некој покрај себе, а тој се чини дека е некаде далеку...

Не треба да се борам толку силно за твоето срце.

Почнуваш да ме прекриваш со рани кои со ништо не ги заслужив. Почнуваш да правиш да се чувствувам безвредно. Никој не треба да се чувствува така, особено не со личноста која треба да биде нивната карпа, со личноста која треба да биде нивното „засекогаш“.

Не те обвинувам тебе за ова. Знам дека не си намерно суров. Но, не можам да го пронајдам дечкото кој мислев дека си кога се запознавме. Не знам каде отиде. И уште поважно, не можам да го чекам.

Затоа што ми беше потребно долго време да го изградам ова... мојот живот, моето срце, тоа што сум и личноста која станувам. Ти го одземаш сето тоа и го уништуваш со секоја грешка која ја правиш. Со секое разочарување почнувам да се губам себеси по малку. И не смеам да го дозволам тоа.

Затоа, те молам остави ме да си одам, те молам да ги прекинеме работите додека не се влошиле.

Ајде да завршиме пред дополнително да ми го скршиш срцето. Веќе можам да почувствувам како напукнуваат делчињата. Наречи го тоа лошо време или лоша проценка, но навистина ги гледав добрите работи во тебе, дури и кога ти самиот не ги гледаше.

Знам дека никогаш не сакаше работите да бидат вакви и да направиш да се чувствувам како треба да се борам за да ме сакаш. Како да треба да врискам за да забележиш дека сум тука и дека постојам. Затоа и не можам да ти се лутам.

Повредена сум и не можам повеќе да го поднесувам тоа. Затоа, кревам раце од тебе.

Не знам точно каде и кога почнаа работите да одат во лша насока, но знам дека што и да мислев дека ова ќе биде, веќе не е. Знам дека без оглед на тоа колку те сакав, не можам повеќе. Се чувствувам како да се давам.

Не сакам да те мразам, па затоа ќе те оставам со ова: Можев да те сакам. Повеќе отколку што можеш да замислиш. Но, сепак се сакам себеси повеќе.

Оваа тежина која ја носам наоколу? Не треба да ја трпам. Само знај дека се надевам дека ќе најдеш се што посакуваш, дури и ако не можеше да го најдеш во мене.

Никогаш не сакав да се откажам до тебе, но ти направи да се чувствувам како љубовта да е битка во која не можам да победам.