Ако го јадете ова сте магнет за комарци

Секој од нас има пријател со кој кога ќе излезете да прошетате се чеша поради комарците. Можеби тоа сте токму вие. Науката има објаснување зошто.

Малите крвопијци на сите може да им ја упропастат вечерта, но ако сте се запрашале зошто некој има три плика, а некои завршуваат како перниче за игли, одговорот е едноставен. И болен.

Комарците двојно повеќе ги касаат луѓето кои имаат А+ крвна група отколку оние со други крвни групи. Најмалку го сакаат вкусот на Б крвната група.

Тоа не можете да го смените, но сепак нешто можете, а тоа е вашето мени.

Кога ќе земете плескавица и врз неа ќе ставите кајмак или павлака, како да сте им дале сигнал на сте комарци околу себе дека сте подгреана вечера.

Покрај потта, на вашата кожа после млечните производи се лачи и млечна киселина, комарците можат да ја почувствуватат, а таа им е посебен десерт.

Посебно внимавајте да не јадете полномасно сирење, соја или јогурт, инаку има да се чешате до недоглед.