Ако го читате ова, вие сте среќна личност!

Дури и во овие несигурни времиња, важно е да се задржи реалниот поглед на работите во нашиот живот.

Еве неколку причина зошто повеќето од нас денес се големи среќници:

  1. Вчера не сте легнале гладни.

  2. Утрово се разбудивте со покрив над глава.

  3. Сте имале избор околу тоа што ќе облечете. 

  4. Не сте стравувале за својот живот.

  5. Често се грижите околу тоа што ќе правите со својот живот: вашата кариера, семејство, следни животни чекори, итн., а тоа значи дека имате амбиции, страст, елан и слобода да носите сопствени одлуки.

  6. Имате пријатели и членови на семејството на кои им недостасувате и едвај чекаат повторно да се сретнат со вас. 

  7. Силни сте и здрави – ако денес се разболите, ќе можете да оздравите.

  8. Имате пристап до храна и чиста вода за пиење.

  9. Имате пристап до интернет ( за да можете да го прочитате овој текст)

  10. Можете да читате.

 

Вистината е дека вам ви е подобро отколку на милиони луѓе ширум светот. Некои би рекле дека сте богати и затоа не заборавајте да бидете благодарни за сѐ што имате.