Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започнува со мониторинг на птичји грип преку земање крв од домашна живина и диви птици што е пракса секоја година.
Од втори ноември годинава АХВ воведе забрана за увоз на живина, производи од живина и нус-производи од животинско потекло од регионот на Добрич, Бугарија, каде беше констатирана појава на птичји грип. Забраната на осми ноември беше проширена и за регионите на Кливен и Хасково.
Како што велат од АХВ за МИА, контролите на граничните премини се засилени, но досега нема вратени пратки од регионите за кои важи забраната.
– Забраната за увоз од оваа, но и од сите други земји и региони каде е утврдено присуство на болеста останува на сила се додека не се сузбие болеста, информираат од Агенцијата.
Забрани за увоз неодамна беа воведени и за региони од Франција и Италија, како и за региони од Белгија, Чешка, Словачка,…