Адвокати бараат прекин на судењата но да не застаруваат и да не се враќаат на почеток

Кривичниот суд со закажани над 300 рочишта во време на вонредна состојба врши дискриминација и постапува спротивно на мерките за ширење на корона вирусот обвинуваат седумдесет и четири адвокати кои испратија писмо до техничкиот премиер, неколкумина министри до Судски совет, до Врховниот суд и сите амбасади.

Во судниците ќе има по 20 тина присутни на едно рочиште а дневно ке бидатп осетени од околу 200 лица истакнуваат адвокатите во писмото во кое обвинуваат дека се загрозува правото на живот, односно дека постои неоправдан ризик по здравјето и животот на на адвокатите, клиентите сите присутни во судниците и вработените во судот.

Адвокатите предлагаат повеке мерки мегу кои сите судења да се прекинат и да се одржуваат само оние на кои треба да се одлучува за притвор по барање на обвинител и за оние кривични дела поврзани со мерките за корона вирусот но и да се запре течењето на роковите за да не застаруваат или се враќаат на почеток.

-За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето, да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа  што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии, вклучително и со протек на 90 дена да не мора главната расправа да започне одново а ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин, стои во писмото потпишано од 74 адвокати

Адвокатите истакнуваат дека речиси сите рочишта во изминативе 10 дена се одлагаат поради отсуство на странките во постапката заради почитување на мерките на Владата, но сепак оние кои доаѓаат само за да се констатира дека се одлага рочиштето, а се во поголем број се изложуваат на ризик.

Денеска се одложи и Титаник. Неколку обвинети и адвокати не дошле бидејки користат владини мерки според кои дома остануваат родител кој чува дете до 10 години и хрноично болни но и  Миле Јанакиевски не бил спореведен од домашен притвор.

Од Кривичен вечра известија дека редовно се дезинфицира судот и се почитуваат мерки за спречување на ширење на корона вирусот. Потенцираат и дека очекуваат надлежните институции, со посебна уредба да ги запрат сите рокови и процесните и оние за застарување додека трае вонредната состојба а потоа да продолжат таму каде што застанале но до тогаш додека не се сменат претходните препораки и напатствијата од правда и судски совет остануваат да работи според планираното. Од кривичен предупредија и дека тие што ќе ги злоупотребат злоупотребат мерките,  законот дава можност за санкција, построги мерки за обезбедување присуство и назначување бранител по службена должност .