7 работи кои предизвикуваат прерано стареење, егзема и брчки на кожата

Кожата е најголемиот орган на нашето тело кој често го занемаруваме и не ги следиме промените кои се случуваат на неа, а кои се резултат на бројни надворешни фактори.

Многу работи можат да влијаат на состојбата на нашата кожа и во повеќето случаи да предизвикаат прерано стареење, егзема или алергии. Пример за тоа се темните дамки кои се појавуваат како резултат на внатрешните промени во организмот.

Ова се 7 работи кои предизвикуваат промени на нашата кожа:

1. Контрацептивни пилули

Таблетите за контрацепција влијаат на изгледот и состојбата на вашата кожа, што е разбирливо со оглед на тоа што пилулата го намалува нивото на адрогени хормони. Тоа предизвикува поголемо лачење на себум кои го произведуваат лојните жлезди. Себумот предизвикува затворање на порите на кожата и појава на акни и хиперпигментација.

2. Бременост

Хормоните се менуваат за време на бременоста и поголемиот дел од жените на себе можат да забележат големи промени на кожата. Кај повеќето се јавува хлоазма која е уште попозната и како трудничка маска – темни дамки на кожата.

3. Алкохол

Алкохолните пијалаци многу штетат на кожата. Првенствено предизвикуваат дехидрација на целиот организам која најмногу се забележува на кожата. Како резултат на тоа, пукаат капиларите, се јавува црвенило на кожата и брчки.

4. Сончање и солариум

Покрај она најлошото сценарио – рак на кожата, сонцето и солариумот предизвикуваат појава на старечки пеѓи, брадавици и лезии. Заштитните креми денес се неопходни.

5. Лекови

Лековите можат да предизвикаат бројни промени на кожата и рекации. Некои лекови ја прават чувствителна на сончевите зраци, а тука влегуваат некои антипсихотични лекови и антибиотици кои содржат сулфати, хлортиазид или вештачки засладувачи. Се појавува црвенило и јадеж. Овие промени обично исчезнуваат тогаш кога ќе престанете да го пиете лекот.

6. Токсини од околината

Како што сонцето предизвикува прерано стареење на кожата, така некои истражувања покажуваат, дека загадениот воздух исто така има влијание на кожата. Честичките од смогот можат да предизвикаат прерани и предлабоки брчки, хиперпигментација и сушење на кожата.

7. Храна

Некои производи и билки содржат одредени работи кои откако ќе се изложиме на сонце, можат да предизвикаат воспаление како фототоксичен дерматитис. Се појавуваат меурчиња и долготрајна пигментација. Магдоносот, целерот и смоквите можат да предизвикаат такви реакции. За да ја спречите појавата, најдобро е да ги измете рацете откако сте посегнале по овие производи.

air max 90 essential sale