7 начини за намалување на тежината за 7 дена

За да ја намалите тежината, потребно ви е многу повеќе од вежбање и диети. Ако имате желба да намалите многу килограми, морате да го промените и вашето однесување. Следете ги овие едноставни совети за да научите како да пристапите кон храната и вежбањето.

Понеделник: Мудро управувајте со своето време.

Јасно е дека сте зафатени, но дали сте баш толку многу? Морате добро да размислите за начинот на кој го трошите вашето време. Размислете за тоа и ќе сфатите колку време поминувате гледајќи телевизија и работејќи некои други неважни работи. Еве што треба да правите за да се организирате подобро:

– Комбинирајте ги работите (спакувајте го ручекот за следниот ден, додека се подготвува вечерата)

– Распоредете ги обврските (нешто можат да направат и вашите деца и вашиот сопруг)

– Направете реалистична листа на обврски (прво направете ги најважните работи, а помалку важните доверете им ги на другите)

Вторник: Следете го распоредот на исхрана.

Секој кој посакува да ослабе прескокнува некогаш оброци. Но тоа не треба да го правите. Потребна ви е редовна количина на хранливи матери со цел добро да функционирате. Хранете се редовно и кога навистина сте гладни, а храна купувајте кога сте сити, затоа што тогаш ќе купувате здрава храна. Пробајте да јадете на секои четири часа.

Среда: Ограничете го јадењето само во кујна или трпезарија.

Јадењето надвор од кујната или трпезаријата не се препорачува, затоа што така се развиваат лоши навики (јадење пред лаптоп или пред телевизор). Јадете во кујна или трпезарија и тоа само кога сте навистина гладни и избегнете ги грицките ако гледате филм дома, затоа што јадењето без размисување е тоа што само може да ви одмогне.

Четврток: Немојте да работите ништо друго додека јадете.

Мултитаскингот е пожелен во канцеларија, но не е добар кога се работи за храната. Ако работите други работи покрај тоа што јадете – возите или читате вести, помалку ќе посветите внимание на тоа колку сте изеле. Потрудете се да не работите апсолутно ништо додека јадете, па така можете да мислите за тоа колку внесувате во себе.

Петок: Најдете поддршка.

Немојте да водите сами битка против килограмите, освен ако не сакате да си отежните себеси. Истражувањата покажаа дека полесно ќе ослабете ако добиете поддршка од блиски луѓе. Другите можеби нема да знаат самите како да ви помогнат, но затоа вие ќе ги научите. Кажете им што точно треба да работат. Прашајте ги да прошетаат со вас по вечерата или да ви даваат храна во помали садови.

Сабота: Превземете контрола над своите мисли.

Самото место на кое се наоѓате може да ви ја пробуди желбата за храна, но тие мисли може да ги избркате од себе ако навистина не сте гладни. Секој пат кога ќе видите реклама за колачи и каснете некој колач, тоа сигурно не значи дека сте секогаш гладни за време на реклами. Прекинете ја таа навика. Тргнете ги своите мисли, земете работете нешто што ќе ги вработи и рацете и мислите и устата: повикајте пријател, лакирајте нокти….

Недела: Планирајте ги оброците за цела недела.

Ако не сте организирани, ќе јадете се што ќе ви дојде при рака. Планирајте ги вашите оброци за наредната недела, купете се што ви е потребно за да ги подготвите и така спречете го прејадувањето.