7 лекции кои ги научив во 2017

Секоја година е различна, но за мене оваа донесе многу промени, но и многу животни лекции. Сфатив и научив неколку работи кои ќе ги понесам со себе во 2018.

Не донесувај одлуки за луѓето врз основа на тоа што го кажуваат

Една од лекциите кои ги научив е тоа дека луѓето умеат да кажат многу работи. Но, дел од нив воопшто не прават никаков напор во однос на тоа. Не треба да се залажуваме со тоа што го кажале, мислејќи дека сакаат да направат нешто за нас, но едноставно немаат начин. Тоа не е точно.

Луѓето го гледаат тоа што сакаат да го видат

Сите ние размислуваме и донесуваме одлуки врз основа на нашиот начин на размислување, нашите ставови и искуства. Сите ние ги гледаме работите од наша сопствена перспектива. Така и ја создаваме вистината за нас.

Некои луѓе не се сакаат себеси, а тоа едноставно не е ваша работа

Ќе сретнете многу луѓе кои не се грижат за себеси, ќе ги сакате, ќе сакате да ги спасите и да им помогнете, но некои од нив едноставно не го сакаат тоа. Најдоброто што можете да го направите за другите е да им понудите помош, но и да знаете дека не секогаш ќе ја прифатат таквата помош. За да помогнете некому, тој прво треба да сака да си помогне себеси.

Кога срцето ви е преголемо, морате да поставите граници

Понекогаш се губиме во сакањето. Не поставуваме граници и на крајот не повредуваат. Но, животот не учи дека мораме да поставиме граници. Мораме на луѓето да им дадеме оноколку колку што заслужуваат.

Небото не е граница

Не постојат граници. Самите ние си ги создаваме и самите одлучуваме дали ќе поминеме некои препреки. Животот понекогаш е прекраток, се плашиме, чекаме да бидеме подготвени, мислиме дека некој треба да ни даде дозвола, но не е така.

Времето е благослов

Времето е важно и тоа треба да биде искористено мудро. Не треба да го даваме секому и секаде. Важно е да поставиме приоритети и да им дадеме највеќе време на оние кои го заслужуваат тоа и кои сакаат да не имаат во својот живот.

Вредностите во општеството се понекогаш измешани

Слушаме дека кул е да се излегува на некое место, дека е во ред да се биде суров и дрзок со луѓето и да не покажуваат емоциите. Но, секој од нас живее според сопствените вредности. Секој од нас гледа во исти ѕвезди и гледа различни работи.