6 типови на храна кои ќе ти помогнат да се чувствуваш подобро

КОЈА Е БОЈАТА НА ТВОЕТО ЗДРАВЈЕ?

6 типови на храна кои ќе ти помогнат да се чувствуваш подобро

Љубителите на овошјето и зеленчукот во овој период од годината се најсреќни. Изборот е многу поголем, вкусот на самaта храна прекрасен. Покрај помислата на летување и разни патувања, летото ни ги носи и овие прекрасни вкусови и задоволства кои во зимскиот период не можеме  да ги ползуваме.

Здравото живеење oсобено во овој период од годината не мора да биде тешко :) Еден од начините како наједноставно да ги запомните бенефитите од храната која ја внесувате е истата да ја сортирате по нејзината боја. Храната во бела боја како грав, карфиол, лук помага за јакнење на имунолошкиот систем. Овошјето и зеленчукот во црвена боја како пиперката, доматот или пак лубеницата дејствуваат превентивно при срцеви заболувања.

Различни витамини и хранливи состојки се адекватни за различни делови од нашето тело, што значи дека е потребна комбинација на храна со различни бои за да се добие вистинската доза на витамини.

Но, доколку сакате да ги конзумирате сите различни видови на овошје и зеленчук секојдневно, ова може да стане предизвик кој бара многу планирање. Еден од полесните начини како да ја задоволите дневната доза на потребните витамини е ползувањето на течна храна. Особено популарни во последните години се смутињата бидејќи во нив можете да ги вклучите сите состојки кои ви се потребни, од зеленчуци и овошје до јаткасти плодови или пак мраз. Новите блендер и џусер на Philips ги задржуваат хранливите вредности на храната што значи можеме да направиме смути во кое ќе искомбинираме храна со различни бои и вкусови и да внесеме голтка здрав живот во нашиот организам.

Грижата за сопственото здравје е наша должност, која сега е многу полесно да се исполни ;)