6 лица затруени од храна од угостителски објект во Драчево

Шест лица со симптоми на труење од храна  викендот побарале помош на Клиниката за инфективни болести. Двајца од нив биле задржани на понатамошно лекување. Сите во петокот попладне јаделе специјалитет со пилешко и мајонез во ресторан во Драчево.

Во анамнезата  заболените лица дале податок  дека конзумирале храна  сендвичи со пилешко месо и  мајонез (наречени „коко„ ) од  ресторан-бар „Коко“ Населба  Драчево, Скопје. 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со Агенцијата за храна биле на терен и во саботата извршиле вонреден надзор и го затвориле објектот во населбата, со цел, како што стои во нивното соопштение, да спречат појава на нови затруени. 

Земале брисеви од работни површини и од вработени како и примероци од храна кои треба да покажат која е причината за труењето. Инспекторите констатирале дека во ресторанот општата хигиена била задоволителна, но не смеат да работат се додека не биде направена целосна дезинфекција и темелно чистење на просторот и опремата.

Во информацијата на ДСЗИ е наведено дека е поставена лента -„Затворено од Државен санитарен и здравствен инспекторат“.