5.5 – магичен ден кој носи голема радост

Петти мај е ден кој носи прекрасна енергија.

Сега не е време да се откажеме, време е да ја почувствуваме убавината на слободата. 

Петката претставува елемент на огнот и отвора промени и можност за нови авантури. Мај е месец кој симболизира пролет, убаво чувство, излегување од зоната на комфорот и духовно будење.

Магичната комбинација носи нови предизвици, но и период на прилагодување. Но, тоа се добри промени. Многумина ќе успеат да ја исполнат својата цел, да напредуваат на полето на кариерата и да го најдат својот патоказ кон љубовта.

За овој ден се врзани многу ритуали на емоционално и духовно чистење. Почнете со чистење на својот дом, ослободете се од оние работи кои не ви се потребни. Излезете во природа, згответе го своето омилено јадење, седете во тишина. Исполнете го животот со мали нешта. 

Искористете ја најубаво оваа енергија која ја носи магичната низа 5-5.