5 ситуации кои никако не смеете да ги игнорирате во врската

Во секоја проблематична врска има една точка по која нема враќање назад и за жал ја забележуваме кога е предоцна. Анализирајќи ги и сопствените, но и туѓите неуспешни врски, можам да извлечам неколку заклучоци кои можеби ќе ви помогнат навреме да ги забележите критичните точки и навреме да реагираме на нивно решавање или отстранување.

Се избегнувате еден со друг

Ова може да биде и во буквална и во метафоричка смисла, од типот на тоа да се избегнувате да бидете сами, не кревате на телефон и слично. Ова може да го толкувате како знак дека ви треба простор и слично, ама со тоа само си ја уништувате врската.

Секој разговор ескалира во караница

Секако дека не треба да преќутувате, но ако секој разговор, дури и муабетот од типот: „Ај купи пуканки по пат“ се претвора во караница, тогаш имате сериозен проблем. Кога секоја ситница е неподнослива, тогаш имате проблем и треба да го најдете коренот на проблемот.

Престанувате да разговарате или да објавувате големи одлуки и избори

Една жена која ја познавам, сфати во колку лоша состојба и е врската откако дозна дека дечко и, со кого била во врска шест години, аплицирал за работа во друг град без воопшто да зборува со неа за тоа. Ако почнете да размислувате за себе само како поединец без да ги продискутирате овие работи со оној со кого го делите секојдневието, тогаш работите се отидени во неповрат.

Има промени во однесувањето

Ако вие и вашиот партнер одеднаш различно се однесувате еден кон друг, треба да преиспитате каде е грешката и што се случува. Дали вие постојано сте дефокусирани и мислите на се освен на партнерот? Дали другата страна далува ладно и далечно? Дали избегнувате физички контакт? Веднаш почнете да работите на случајот.

Очигледно е дека сте престанале да зборите

Ова истовремено е и манипулативна игра за моќ, но може и да е „земи или остави“ момент во врската. Ако еден од вас е во фазон дека тоа е тоа и нема што да дискутирате и дека едниот мора да се помири со нешто, тогаш најверојатно ви се ближи крајот.

Дали врската ќе биде спасена зависи и од партнерите, но и од периодот.