5 причини поради кои силна жена никогаш нема да избере незрел маж!

Често се вели дека жените паѓаат на „лоши момци“. Но, дали тоа е точно? Мислам дека луѓето го добиваат тоа што го бараат. Па така, силните жени знаат дека заслужуваат повеќе од „лошо момче“.

Еве ги 5-те причини поради кои силната жена никогаш нема да избере незрел маж:

Тие си ја ценат својата независност

Незрелиот маж никогаш нема да ја разбере независната жена. А силните жени навистина си ја ценат слободата. Слободата за нив значи преживување. Вистинското разбирање на независноста во една врска доаѓа со зрелоста.

Тие не сакаат мажи кои се плашат од обврски

Незрелите мажи не знаат што сакаат во животот. Моќните жени знаат точно што сакаат. Ако силна жена решила да биде во врска со маж, тогаш значи дека тие одлучиле дека тој е она шо таа го сака. Врзувањето е проблем за незрелите мажи.

Тие сакаат некој кој ќе ги почитува

И тие знаат дека тој некој е зрел и силен маж. Нема ништо посекси од самоуверен дечко кој почитува силни жени.

Тие отворено кажуваат што мислат

... дури и ако тоа навреди некој. Силните жени немаат проблем да се соочат со личност во врска со некоја ситуација или став. Ако направите нешто што не е добро, таа ќе ви го каже тоа. Тоа може да ги извади од памет незрелите мажи. Силните жени се паметни, страствени и способни.

Не можете толку лесно да ги импресионирате

Незрелите мажи мислат дека тие ќе ја импресионираат жената со будалести комплименти и не разбираат дека на силната жена не и е потребно тоа. Неа и треба партнер кој е поеднакво силен и се вложува во врската. Тие живеат со страст секој ден и вие треба да ја внесете вашата страст во врската.