5 причини поради кои есенските прошетки носат најдобри резултати

Иако голем дел од физичките активности се вртат околу летото, сепак оваа година дозволете свежиот, ладен, есенски воздух да внесе промени во вашата вообичаена рутина. Вашето здравје, но и вашата линија ќе ви бидат навистина благодарни.

Кога деновите се намалуваат, а температурите паѓаат, сите сакаме да се бутнеме под јорганот и да уживаме во топлината на сопствениот дом. Освен тоа, многубројните обврски кои се појавуваат со почетокот на есента можат да претставуваат предизвцик во пронаоѓање на време за каква било активност.

Вежбањето често е последната работа која сакате да ја направите во тие ладни денови, претрупани со обврски, меѓутоа, ако одвоите половина час за физичка активност, ќе го подобрите вашето расположение и здравје, а и ќе ја задржете добрата форма на која сте работеле уште пред почетокот на летото. Активност која е доволна за да го избегнувањето наталожувањето на килограмите во овој период е печашењето. Во продолжение прочитајте зошто пешачењето во есен носи најдобри резултати!

Најлесно се влегува во рутина

Есента е период во кој лесно човек може да влезе во рутина. Училиште, работа и слично се дел од нашите рутина, а пешачењето е само уште една работа која треба да ја вклопите во распоредот. Во есен ова е најлесно, затоа што времето на патување, годишни одмори и лежење е зад вас, а до новогодишните празници има уште време. Па така, лесно можете да одвоите 30 минути за пешачење во овој период.

Климата повеќе не е жешка и влажна

Високите температури и влажноста на воздухот често се причина поради која не вежбаме за време на летото. Без жештините и влажноста на воздухот, тренинзите на отворено се многу поудобни. Пријатните температури се одличен поттик за правење некаква физичка активност.

Поздраво ќе се храните

Ако имате редовна телесна активност, нема туку-така да си го погазувате трудот, па ќе почнете и повеќе да се трудите околу прехраната која е неопходна за постигнување на посакуваните резултати, а благодарејќи на есенското овошје и зелечнук, вашиот ум и тело ќе ги храните на најдобриот начин – со витамини. 

Физичката активност ќе ја спречи есенската/зимската депресија која често води до прејадување

Физичката активност на отворено за време на ладните и мрачни месеци е добар не само за физичкото, туку и за психичкото здравје. Освен што пешачењето е прекрасен начин да останете во форма и да согорувате калории, прекрасно е и за зголемување на нивото на хормони кои влијаат на доброто расположение. Пешачењето го зголемува нивото на серотонин што може да помогне во спречување на депресијата која често се случува во есенскиот и зимскиот период, а која со себе често носи прејадување и наталожување вишок килограми.

Кога ќе залади нема да сакате да ги уништите постигнатите резултати

После 2-3 месеци поминати со физичка активност и здрава исхрана, едноставно ќе се навикнете на тој стил на живот и нема да сакате да ги отфрлите постигнатите рњзултати. Секако дека нема во потполност да ја избегнувате нездравата храна полна со калории, но поради вложениот труд полесно ќе се контролирате.