5 нешта за кои сум му благодарна на својот брат

Како што минува времето и растеме, постојат многу нешта за кои заборавам да му се заблагодарам на мојот брат.

Ова се пет од нив.

Ти благодарам што ме штитеше

Понекогаш тоа многу ми пречеше, но длабоко во себе знаев дека ме штитиш бидејќи знаеш дека вредам и бидејќи ме сакаш. Сѐ уште го знам тоа. Јас сум твојата мала сестра, а ти сакаш да ме заштитиш од сето зло на овој свет.

Ти благодарам за сите игри

Беше досаден, но низ сите тие игри научив дека секогаш можам да се потпрам на тебе. Денес, како што растеме, тие ми недостигаат, но верувај дека уживав во секоја минута од нив.

Ти благодарам што секогаш беше до мене

Не е важно што се случуваше, ти секогаш беше до мене. Ме слушаше како викам, како плачам, одговараше на моите доцни пораки и повици, ме охрабруваше да ги направам нештата од кои се плашев. Знам дека секогаш можам да сметам на тебе.

Ти благодарам што ги чуваше моите тајни

Уште додека растевме, ги чуваше моите тајни од мама и тато. Кога почнавме да растеме, можев сѐ да ти кажам и ти ја чуваше секоја моја тајна, од секого.

Ти благодарам што веруваше во мене

Ти благодарам што веруваше во секоја моја одлука. Ти благодарам што веруваше во мене 100 %. Ти благодарам што ме уверуваше дека сѐ ќе биде во ред, што и да направев. Ти благодарам што ми даваше сила секогаш кога ќе мислев дека сум слаба и немоќна.

cheap nike air max 90