5 најчести заблуди за сродните души...

Кои се најчестите погрешни уверувања за сродните души?

За секој постои само една сродна душа

Односите кои ги формираме со сродните души често се најпредизвикувачките односи кои ги имаме во животот. Од овие врски учиме најмногу и понекогаш нивната поента e токму тоа, да ни дадат одредени лекции. Во различни животни периоди се појавуваат нови учители во форма на сродни души кои воопшто не мора ни да бидат нашите емотивни партнери. Често се случува да ја научиме лекцијата и потоа таа личност да си продолжи по својот пат и да остават простор за некоја нова личност.

Сродните души секогаш завршуваат заедно

Не секогаш сродните души завршуваат заедно. Во ваков тип на врска, сосема е нормално да се очекуваат многу предизвици, тешкотии и препреки за реализација на долговечноста на врската, иако постои голема количина на привлечност и љубов која ги држи заедно и покрај сѐ. Но, многу други фактори влијаат на тоа дали тие ќе завршат заедно или не.

Единствената врска која може да ве усреќи е врската со сродната душа

Веќе е кажано дека врските со сродните души често носат товари, кои служат за да придонесат кон нашиот развој. Затоа е важно да се напомене дека има многу врски во текот на животот кои ќе бидат квалитетни, но покрај тешки моменти, ќе ви носат и многу среќа и не мора да значи дека само сродните души ќе ве направат среќни!

Сродните души одеднаш можат да ја прекинат својата поврзаност

Понекогаш може да изгледа дека одеднаш дошло до прекинување на врската, но тоа никогаш не се случува преку ноќ. Турбулентните врски на сродните души имаат свои подеми и падови, даваат нова надеж, но и го одземаат последниот атом енергија кога се во својата разорна фаза. Сродните души се толку испреплетени што е невозможно само така да се случи прекинување на врската.

Сродните души се само љубовните партнери

Ова е сосема погрешна претпоставка, затоа што сродните души можат да се појават во различни форми: член од семејството, пријател, која било друга личност во вашиот живот. Сродните души не се резервирани само за љубовни односи. Тие се случуваат природно, нема потреба да се форсираат.