Ние сме постојано опкружени со луѓе. Во училиште, на факултет, на работа, во секојдневниот живот постојано има луѓе околу нас . Некои луѓе ни пренесуваат прекрасни енергии и со нив гледаме да го поминеме целото слободно време, додека пак некои луѓе ни ја црпат целата енергија и по средбата со нив се чувствуваме исцрпено и уморно. Тоа се таканаречени енергетски вампири кои се хранат од позитивната енергија на луѓето.
Бидејќи не е секогаш возможно да избегнуваме луѓе, ниту пак можеме да се затвориме дома да не излеземе додека не се наполниме повторно, има неколку начини како можете да се заштитите од ваквите луѓе и од луѓето кои ве полнат со негативна енергија.