5 места за викенд рекреација во Скопје за летните денови

Аква-парк „Борис Трајковски“

Подготвен за наредната сезона, аква-паркот во склоп на Арената „Борис Трајковски“ ги отвара вратите за своите посетители веќе наредниот викенд. Забава за целото семејство и уживање во жешките денови кои ни претстојат. Опремен со голем број содржини, примарно наменет за млади, безбеден по сите светски стандарди, подготвен да прими околу 1 400 гости. 
Билетот за влез за возрасни чини 300 денари, а предвиден е попуст за поголеми групи.
Лоциран на само 10тина минути од центарот на Скопје и лесно пристапен без разлика на тоа од кој дел од градот доаѓате.

Спа-центар Anne Semonin (Хотел „Русија“)

Добитник на балканска награда за најдобар спа-центар во 2015 (Balkan spa award 2015), во рамки на Хотел „Русија“. Располага со 22 метарски базен, џакузи и 4 видови на сауни, нуди одлични услови за релаксација и уживање. Нуди и неколку видови на масажи и третмани на тело. Со работно време секој ден од 9 наутро до 10 навечер. Цените на услугите се можеби малку по високи но задоволството е бесценето.

Еј-Би-Си Катланово

За љубителите на прекрасната природа и место за семеен одмор, надвор од градскиот метеж. На 20-тина километри од Скопје, во добро познатата излетничка локација Катланово, на десниот брег на реката Пчиња, се наоѓа спортско-рекреативен центар Еј-Би-Си. Два базени за возрасни и 1 за деца, обезбеден простор за подготвување на скара, детски игралишта и ред други содржини за забава и опуштање. Одлично подготвена излетничка дестинација за семејства со мали деца. Капацитет од преку 200 посетители. Цените за користење доаѓаат со фамилијарен или групен попуст.

Теферич

На околу 7 километри од центарот на Скопје, една од најпознатите излетнички дестинации во градот. Теферич на падините на Водно, во насока кон селото Соње. Пријатен и релаксиран амбијент. Ресторан и базен, одличен за дневно опшутање, но и погоден за организирање на различни прослави и настани. Повеќе ресторан отколку типичен базен. Место каде можете да уживате во прекрасната храна но и да се разладите во топлите денови.

Кањон Матка

Признаено едно од најубавите природни опркужувања во овој дел од Европа на самиот излез од Скопје, во Општина Сарај. Вештачкото езеро и самиот кањон нудат едно извонредно искуство. Неколку ресторани кои служат традиционални специјалитети, но и пешачки патеки низ недопрената природа. Можност за изнајмување на кајак со кој можете да го истражите езерото и да посетите преубави изолирани места. За време на викендите огромната посетеност на домашни и странски туристи е доказ за извонредната убавина која се крие веднаш штом излезете од урбаната џунгла на градот.