5 комплементарни терапии: Дознајте сè за алтернативната медицина

Ви претставуваме 8 комплементарни терапии и резултатите што можат да се очекуваат од нив:

ХЕРБАЛНА МЕДИЦИНА

Бенефити: Намалува менструални тегоби, симптоми на менопауза, проблеми со кожа, многу здравствени проблеми, од блага депресија и исцрпеност до поленска алергија и мигрена.

Дејство: Западната фитотерапија се базира на примена на билки од европска почва, додека источната фитотерапија е фокусирана на традиционалната кинеска медицина и често се применува во комбинација со акупунктура. Со лекови на билна основа се третираат многу болести. Се користат различни препарати: тинктура (концентрирани раствори од билни екстракти во вода или алкохол), пилули, масти, чај.

Внимание!: Задолжително информирајте го вашиот лекар или специјалист, ако земате билен лек. Некои од нив, како кантарионот, влијаат на дејството на лековите што се издаваат на рецепт, вклучувајќи ги и контрацепциските пилули. Освен тоа, билните лекови не смеат да се земаат за време на бременоста без претходна консултација со лекар.

ХИПНОТЕРАПИЈА

Бенефити: Ефикасна е во лекување тегоби предизвикани од стрес, како што се: анксиозност, инсомнија, фобии и напади на паника. Некои студии укажуваат на позитивно дејство на хипнотерапија кај заболените од ИБС (синдром на нервозни црева). Освен тоа, хипнотерапијата е добра за слабеење, за ослободување од зависности, за зголемување на самодовербата или за лекување на неплодност што нема медицинско објаснување.

Дејство: Сеансата трае од 60 до 90 мин., за време на која терапевтот го воведува пациентот во состојба на релаксација, ја активира потсвеста и испраќа позитивни пораки. Во текот на терапијата, пациентот ја задржува свеста за околината, а се чувствува како да го фаќа сон.

Внимание!: Пациентот мора свесно да се согласи да го хипнотизираат и да биде уверен во нејзината делотворност. За целосен успех на хипнотерапијата неопходни се од 6 до 10 сеанси.

РЕФЛЕКСОЛОГИЈА

Бенефити: Рефлексологијата ублажува стрес, елиминира симптоми на анксиозност, главоболки и дигестивни тегоби. Ефикасна е и за ублажување симптоми на ПМС.

Дејство: Одредени точки на стапалата се во корелација со различни делови на телото. Рефлексологот врши притисок со  рацете на овие точки и така ги дијагностицира проблемите и го активира природниот механизам на лекување.

Внимание!: Можна нуспојава е краткотрајно бессознание. Не се препорачува за време на бременоста.

Продолжува на следната страна...

 

АКУПУНКТУРА

Бенефити: Против болки од различен вид – спортски повреди, болки во грбот, рамењата. Ја намалува болката и ја зголемува подвижноста на коленото кај болните од остеоартритис за 40%. Се почесто се користи за третман на неплодност, дисменореа и на утринска мачнина.

Дејство: Според принципите на традиционалната кинеска медицина, со боцкање со игличките за акупунктура се подобрува протокот на енергија (чи). Се смета дека чи циркулира од орган до орган преку мрежа што ја сочинуваат меридијани. Акупунктуристите сметаат дека болките и болестите се последица на блокадата на животната енергија. Постои и западен модел на акупунктура, кој го применуваат лекари. Истражувањата покажаа дека игличките ги стимулираат малите нерви во кожата, кои пренесуваат сигнал до мозокот, каде што се излачува ендорфин (природен аналгетик).

Внимание!: За некои луѓе акупунктурата е болно искуство, а можна е и појава на несвестица.

ХОМЕОПАТИЈА

Бенефити: Ефикасна е во третман на заболувања кај кои конвенционалната медицина не е ефикасна – како што се синдромот на хроничен замор, мигрена и алергии.

Дејство: По детална анализа на историјата на болеста и моменталната здравствена состојба на пациентот, хомеопатот препишува многу слаба доза екстракт од билки или минерали во форма на пилули. Тие дејствуваат според принципот “исто со исто се лекува“, што значи дека супстанцата што предизвикува симптоми кај здрав човек и му се дава на болниот за лекување.

Внимание!: Краткотрајно влошување на терапијата е очекувана појава, бидејќи филозофијата на ова лекување се базира на убедувањето дека тоа е знак дека човечкиот организам се прочистува.

За лична безбедност – поставете ги прашањава

Прашајте се: Дали е подобро прво да се јавам на лекар? Во која алтернативна терапија најмногу верувам? Дали ќе ми годи контакт со раце? Дали познавам некој што би можел да ми препорача терапевт?

Прашајте го терапевтот: Дали сте регистрирани? Кои се вашите професионални квалификации? Колку долго се занимавате со оваа професија? Дали го следите развојот на оваа гранка на алтернативната медицина и дали сте биле на специјализација? Колку чини лекувањето и колку третмани ќе ми требаат?

Прашајте го лекарот: Дали е безбедно да применам алтернативна терапија? Дали алтернативната терапија лошо ќе влијае на мојата редовна терапија со лекови? Дали можете да ми препорачате некој експерт по алтернативна медицина?